Лукаку на позајмица во Рома

9419.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгискиот фудбалер на Челзи, Ромелу Лукаку ќе пристигне во Рим каде треба да потпише договор со Рома, пренесува „Скај спорт“.


Лукаку во Рим ќе пристигне од Брисел околу 17 часот, а потоа ќе ги помине лекарските прегледи пред да го потпише договорот со римскиот клуб.

Британските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор меѓу Челзи, Рома и Лукаку, според кој фудбалерот до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч.

Рома на Челзи ќе му плати отштета од 5.000.000 евра за едногодишна позајмица, додека римскиот клуб за платата на белгискиот фудбалер ќе одвои нешто помалку од десет милиони евра.

Лукаку (30) е член на Челзи од 2021 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Интер. Покрај за Челзи, тој играше и за Интер, Манчестер јунајтед, Евертон, Вест Бромвич и Андерлехт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK