Елтон Џон ја помина ноќта во болница откако се лизна во својот дом во Ница

1693300098_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската поп-легенда Елтон Џон помина една ноќ во болница во Монако поради полесни повреди откако се лизна и падна во својата вила во Ница, објави Би-би-си во понеделникот, цитирајќи го неговиот портпарол.


Сер Елтон (76), кој минатиот месец ја заврши својата долготрајна турнеја Farewell Yellow Brick Road, бил префрлен во ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако, јавува Би-би-си.

„Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост,“ изјави портпаролот.

„По прегледите, утрово веднаш беше отпуштен. Тој се врати дома и е во добро здравје.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK