Англиската полиција истражува инцидент што се случил во раните утрински часови во неделата на 20. август во Тајнсајд. Kапитенот на Њукасл, Џамал Ласелс бил еден од учесниците на споменатиот инцидент.
Тој ден Ласелс со Њукасл претрпе пораз од Манчестер Сити (1:0), а вечерта излегол во еден клуб со својот помал брат и пријател. Фудбалерите на Њукасл од тренерот Еди Хау добиле два дена одмор.
Како што пишува „Дејли мејл“, 19. годишниот брат на Ласелес бил удрен со лакт во грлото од непознат маж пред да го напушти ноќниот клуб.
Понатаму, Англичаните тврдат дека после тоа кон Ласелс било фрлено шише вотка, но за кое поминало покрај неговата глава.
Група од шест до осум мажи, наводно, потоа го нападнале Ласелес и му се заканиле дека ќе пукаат во него. Тој успеал да фрли едно од лицата на асвалтот, но неговиот брат бил погоден во главата. Во меѓувреме, нивниот пријател завршил на подот, удрен со нога во главата.
Групата мажи потоа побегнала пред да пристигнат службите за итна помош, а пријателот на Ласелс бил пренесен во болница.
„Џамал Ласелс на видеото носи црна маица и зелен елек“.
Jamal Lascelles was in a fight Sunday evening…
The Newcastle captain is wearing a black T-shirt and green gilet.
— Sunday League Footy (@SundayChants) August 29, 2023
„Дејли мејл“, повикувајќи се на очевидци пишува дека случајните минувачи стравувале за животот на Ласелс затоа што бил во несвест 15 минути.
Њукасл е информиран за инцидентот и од клубот велат дека работата се решава внатрешно.
Ласелс беше на клупата во неделниот пораз од Ливерпул. Инаку, тој во клубот дојде во 2014 година, а за „Страчките“ има играно 225 натпревари, а од 2016 година е капитен на првиот тим.