Еден Азар (32) е подготвен да стави крај на кариерата и да се пензионира, пишуваат англиските медиуми. Некогаш голема ѕвезда на Челзи и Премиер лигата, потоа играч кој го нарекоа најлошото засилување во историјата на Реал Мадрид, денес е без клуб.
Азар наводно има понуда да се приклучи на колонијата ѕвезди во Саудиска Арабија, односно на Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Според англиските медиуми, интерес пројавува и Кристал Палас, но се тврди дека неговите планови не се поврзани со фудбалот.
Многумина го окарактеризираа Азар како најлошото засилување во историјата на Реал Мадрид бидејќи шпанскиот гигант за него одвои рекордни 115 милиони евра за трансферот од Челзи во 2019 година, а за неговата плата издвои уште 30 милиони. За возврат од него доби само 76 натпревари, со учинок од седум гола и 12 асистенции.