Трамп ќе се жали за датумот на судењето

tramp-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се жали на датумот на судење, закажан за март 2024 година, за кривичните обвиненија дека се обидел да го поништи изборниот пораз во 2020 година.


Судењето на Трамп треба да започне ден пред „Супер вторник“, кога многу држави одлучуваат за претседателската номинација.

„Ќе се жалам“, објави Трамп на неговата платформа, оценувајќи дека истрагата е политички мотивирана. Тој не соопшти други детали.

Судијката Тања Чуткан во понеделникот одреди судењето на Трамп пред федералниот суд во Вашингтон да започне на 4 март. Ова е една од четирите кривични постапки поведени против поранешниот американски претседател.

Одлуката на судијката значи дека Трамп најверојатно ќе мора да му се суди во најмалку три случаи во екот на трката за републиканска претседателска номинација. Датумот на четвртото судење се уште не е одреден.

Адвокатите на Трамп побараа судењата да започнат во април 2026 година, веднаш по претседателските избори во ноември 2024 година, тврдејќи дека им треба време да поминат низ 12,8 милиони страници докази собрани од обвинителите.

Но, Чуткан одлучи дека не им треба толку долго.

„Предлогот за одбрана, април 2026 година, е многу повеќе од потребното“, рече судијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK