Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер рано утрово е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на тие острови да ги напуштат зградите, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти ЕМСЦ. Индонезискиот и американскиот геолошки институт известија дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и дека нема опасност од цунами.
Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција.
Засега нема извештаи за штета, соопшти индонезиската агенција за вонредни состојби.