Актуелниот европски и светски првак, селекцијата на Италија, со триумф го отвори Европското првенство во одбојка. Во премиерниот меч во Болоња, !аѕурите“ лесно ја победија Белгија со 3:0 во сетови.
Италијанците го добија првиот сет со 25:17, во вториот им дозволија 18 поени на Белгијците, а третиот го завршија експресно, со 25:15.
Ко-организатор на Европското првенство во одбојка е и Македонија. Нашиот национален тим ќе учествува на шампионатот и првиот меч ќе го одигра в среда во СЦ „Борис Трајковски“. Покрај Македонија и Италија, домаќини на ЕП се и Бугарија и Израел.