Во полскиот град Ржешов, на границата со Украина, изби легионерска болест, од која досега починаа 11 лица, пренесува „Euronews“.
Локалните здравствени власти објавија нов број на жртви, по избивањето на легионерската болест во Ржешово, пренесува „Еuronews“.
Жртвите биле на возраст од 64 до 95 години и сите имале хронични заболувања.
Легионела е бактерија која може да се шири преку системи за вентилација, навлажнувачи, како и славини и тушеви кои не се користат често. Предизвикува сериозни респираторни проблеми, велат познавачите.
„Потврдивме 144 случаи на инфекција, како и 11 смртни случаи. Го бараме изворот на инфекцијата. Сега не се разгледува можноста од контаминација на системите за ладна и топла вода“, изјави регионалниот здравствен инспектор Адам Сидор.