Ноер се врати на тренинзите

3544425-72235668-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер денеска тренираше со другите голмани во тимот, првпат откако во декември ја скрши ногата на скијање, соопшти клубот.


Баерн изјави дека 37. годишниот капитен „тренирал со колегите голмани“ и дека го направил следниот чекор кон неговото враќање.

Шампионот на Бундеслигата не соопшти каков тренинг има направено Ноер и кога ќе биде подготвен за игра. Последниот натпревар Ноер го одигра на 1.декември на Светското првенство.

Во првите три натпревари од оваа сезона на голот на Баерн беше Свен Улрих, долгогодишната замена на Ноер. На тренингот беше и новиот голман Данијел Перец кој минатиот петок дојде од Макаби Тел Авив.

Ноер минатата сезона беше заменет со Јан Зомер, но Швајцарецот овој месец се пресели во Интер, додека голманот Александар Нубел е позајмен во Штутгарт.

Баерн ја започна сезоната со пораз од 0:3 против Лајпциг во германскиот Суперкуп, но ги доби првите два натпревари во Бундеслигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK