Руската противвоздушна одбрана денеска собори двe украински беспилотни летала над Крим, изјави Сергеј Аксјонов, официјален претставник назначен од Русија.
Тој тврди дека едното беспилотно летало е соборено во северниот дел на полуостровот во Црно Море, а другиот во западниот дел.
Русија го анектира Крим од Украина во 2014 година. Украина го стави повторното заземање на Крим една од своите цели, а забележани се и чести напади на полуостровот.
Сепак, во повеќето случаи, Украина не презеде одговорност за овие напади.