Во Кина со недели врне пороен дожд: Можни се геолошки катастрофи

poplavi-kina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските метеоролози денеска предупредија неколку кинески провинции да очекуваат лизгање на земјиштето и поплави во следните два дена, додека обилните врнежи паѓаат со недели.


Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани во северозападната провинција Хунан во текот на викендот, поради обилните дождови кои паѓаа во окрузите Сангџи, Шимен и Јонгшун и градот Жанџијаџи, објавија државните медиуми.

Сангџи го забележа најобилниот дожд во годината, со максимална количина која викендов достигна 256 mm, според државната кинеска централна телевизија. Тоа беа најобилните врнежи во Сангџи од 1998 година, пренесува ЦЦТВ.

Кина со недели е погодена од дождови и поплави. На крајот на јули, бурите предизвикани од тајфунот Докусри предизвикаа рекордни дождови што ја погодија Кина во последните десет години, а Пекинг го доживеа најобилниот дожд во последните 140 години.

Кинеската Влада повика на дополнителни мерки на претпазливост од поплавите бидејќи тајфунот Саола сега се пробива низ Јужното Кинеско Море, а прогнозите се очекуваат тој да стигне до провинцијата Гуангдонг веќе во петок.

Кинескиот национален штаб за контрола на поплави и помош од суша и Министерството за вонредни состојби одржаа видео конференција минатата сабота, предупредувајќи дека обилните врнежи во многу делови од земјата може да предизвикаат геолошки катастрофи, вклучително и планински порои и поплави во некои мали и средни реки, објави државен медиум.

Исто така, постои неизвесност околу насоката на тајфунот Саола, соопшти кинеската метеоролошка управа, а тој ќе донесе обилни врнежи од дожд во крајбрежните области, вклучувајќи ги провинциите Фуџиан и Жеџијанг од среда до петок.

Фуџијан презеде мерки на претпазливост против тајфунот, наредувајќи им на рибарските чамци во одредени води да се вратат во блиските пристаништа, а целиот екипаж на бродот да се евакуира до брегот до среда напладне, објавија денеска локалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK