На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу половина час

guzva-bogorodica-granica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Богородица и Табановце времето на чекање е околу половина час, додека на останатите гранични премини нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK