Ковачевски на Бледскиот Стратешки Форум

IMG-20230529-WA0004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум.


Годинава темата е „Солидарност за глобална безбедност“.

Ковачевски ќе учествува на работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб.

Тој е еден од говорниците на лидерскиот панел што ќе се одржи утре веднаш по отворањето на Форумот.

На панелот ќе учествуваат и свои обраќања ќе имаат претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Во рамки на овогодинешното учество на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK