Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хeнес, откри интересни детали за постигнатиот договор со Тотенхем за ангажман на Хари Кејн. Неговите зборови ја потврдуваат информацијата дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ги уценувал Германците за повеќе пари до крајот.
Сепак, тоа го сопрел Хари Кејн откако напаѓачот директно се заканил во клубот ако пропадне договорот, но потоа ќе замине како слободен играч следното лето.
На крајот трансферот е финализиран, а според Хенес цената е под 100 милиони евра без бонус.
Хенес раскажува за тоа што се случило, осврнувајќи се на ноќта меѓу 10 и 11 август.
„На полноќ веќе имавме устмен договор“ – изјави тој за „Ди Велт“.
„Во 02:50 часот, зделката повторно беше доведена во прашање бидејќи побараа поголема сума. Тогаш Јан Дресен (извршен директор на Баерн) одговори со „Ниту пени повеќе“. Поминаа шест часа пред Леви да прифати дека бевме доволно тврдоглави, а нашиот авион чекаше да полета со Хари. Тоа утро Кејн го кажа следново: „Доколку нема одлука до вечер, ќе играм в недела против Брентфорд. Но, ова значи крај, по кој нема да потпишам нов договор со Тотенхем и следното лето ќе заминам без пари“. Тоа го скрши Тотенхем и попуштија“, откри Ули Хенес.