Во врска со инцидентот кој се случи денес околу 16 часот, Ист Гејт Мол ја информира јавноста дека согласно утврдените безбедности сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа.
„Согласно информациите со кој располагаме во моментов, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар. Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа. Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите“, се вели во нивното соопштение.
Денеска имаше пукање во „Ист Гејт“ кое се поврзува со обид за убиство на Раде Трајковски – Штекли, но повредени лица нема. Тој и е познат на јавноста и се поврзува со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Беше во бегство во Србија и беше екстрадиран во Македонија, а за него има полицијата има водено неколку постапки.