Пукање во „Ист гејт“, полицијата на терен

fasdf.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пукање имало во гаражниот дел на трговскиот центар „Ист Гејт“, дознава „Макфакс“. Набрзо по истрелите, кои биле во близина на две возила со црна боја и затемнети стакла, дошла и полиција. Сето ова, неофицијално се случувало на ниво -1 од подземниот паркинг.


Нема информации, како но и кон кого било пукано.

„Макфакс“ побара информации од МВР, од каде велат дека на случајот се работи, како и дека нема пријава за повредено или усмртено лице.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK