Изјава за медиуми на СДСМ, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје
Локалната власт на ДПМНЕ и Данела Арсовска на Скопје му приредува уште една, нова, рециклирана катастрофа.За две години ДПМНЕ и Арсовска во Скопје немаат реализирано ниту еден проект, немаат ниту едно исполнето ветување.
Затоа се фатија за враќање на споменикот на Ќосето, рециклажа на проектот Скопје 2014 и продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ДПМНЕ. Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална, контраверзна личност. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.
Советничката група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот. Тој не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.
На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.
Две години од мандатот на Арсовска и ДПМНЕ како локална власт, Скопје уназадува буквално во секое поле. Нема бесплатен јавен превоз, нема набавка на нови 250 еколошки автобуси, ниту едно верување не исполнето. Уште полошо, наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз за прв пат во историјата. Јавниот градски превоз е пред колапс, нефункционален а ЈСП едвај преживува потонато во долгови. Иста е состојбата и во останатите јавни претпријатија.Нема нови паркови, нема еколошки проекти а хигиената на градот е најлоша во историјата.
Наместо „Модерно“ со ДПМНЕ скојани добија „Заглавено“, Скопје.
ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во Скопје на сите времиња.
(извор: СДСМ)