Лога: САД сакаат да не видат во ЕУ, одлуката во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација

1.1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда, Кренар Лога денеска оствари средба со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.


„Евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа.

Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија. Силна поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија, се истакнува во соопштението од кабинетот на Лога.

Оценето е дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат не е од државен и стратешки интерес. Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK