Ковачевски, Османи и Маричиќ на вечера со Агелер и Ескобар

Screenshot-2023-08-25-082458.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ синоќа биле на работна вечера со американската амбасадорка, Анџела Агелер и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.


Министерот за надворешни работи објави фотографии на социјалните мрежи од работната вечера.

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар од вчера е во посета на државата и како што беше соопштено се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија.

Во рамките на посетата, Ескобар покрај со претседателот Стево Пендаровски, и со премиерот Димитар Ковачевски ќе оствари средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со посетата на Ескобар рече дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK