Двајца професори се прободени со нож во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.
„По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата ја презеде контролата над насилникот и двете жртви. Веројатно се работи за професори и нивни студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција.
Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.
Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.
Околностите и причините за нападот се уште се нејасни.