(Видео) Вагнерците се збогуваат со Пригожин, еден од нив клекна и плачеше

1692895053_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борците на Вагнер и неколку десетици граѓани се собраа на импровизираниот споменик на Евгениј Пригожин во неговиот роден град Санкт Петербург. Руската владина агенција за воздухопловство објави дека шефот на Вагнер бил во авионот што се урна вчера во областа Твер во Русија.


На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледаат Вагнерци во униформа како полагаат цвеќе на земја пред портретите на Пригожин и Дмитриј Уткин. На едно видео се гледа како борецот на Вагнер паѓа на колена и плаче, пишува Гардијан.

„Тука сум да го почитувам споменот на Пригожин. Ја поддржувам неговата политика, Вагнер е праведен“, изјави млад човек кој застана пред седиштето на Вагнер и даде изјава за рускиот весник „Сота“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK