Вчера во 11.33 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, 17-годишник од село Б.Доленци, управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Н.С., извести МВР.
– По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.