Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 12 586 илјади во второто тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 9.8 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 11.0 %, во приградскиот превоз за 6.5 %, во меѓуградскиот превоз за 10.5 %, а во меѓународниот превоз за 91.1 %.
Во второто тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 43.6 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 16.5 %, во приградскиот превоз е зголемен за 5.5 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.1 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 97.8 %.