Преминот на фосилни горива како обновливи извори на енергија би можел до 2050 година за светот за заштеди дури 12 милијарди долари, покажуваат податоците од Оксфорд.
Во известувањето пренесено од страна на ББС истакнато е како е погрешно и песимистично размислувањето според кое се тврди дека преминот на чисти извори на енергија е многу скап.
Истражувачите сметаат дека преминот на обновливи извори на енергија сега има економска смисла поради падот на нивните трошоци. „ Дури и ако спаѓате во групата на оние кои ги негираат климатските промени, би требало да се согласите со она што ние го заговараме“, истакнал на за ББС професорот Дојн Фармер од истражувачкото одделение во Оксфорд- Оксфорд Мартин училиште. Тој заклучува дека под полна пареа треба да се оди напред, затоашто изворите на зелената енергија поволно влијаат на државните економии.
Резултатите од известувањата на британските научници се темелат на проучувањета на историските податоци за цените на обновливите извори на енергија и фосилни горива и начините на кои тие најверојатно ќе се менуваат во иднината. Тие податоци укажуваат на тоа дека според пресметките на податоците за инфлацијата пазарната цена не е многу променета.
Обновливите извори на енергија постојат неколку десетлетија, па нешто помалку податоци има за нив, но континуираното напредување на технологијата значи дека трошоците за соларната енергија и енергијата добиената од ветерници брзо ја дава својата исплатливост.
Руперт Веј, главниот автор за известувањата од Смит школата за претпријатија и животна средина вели дека најновото истражување покажува дека зголемувањето на „зелени технологии“ ќе ги намалува трошоците за живот во иднината и што побрзо се применуваат, толку повеќе ќе заштедуваме.
Ветерот и соларната енергија уште сега се најефтината опција за нови енергетски проекти, но и понатаму се присутни прашања за тоа како на најдобар начин да се искористува енергија и да се урамнотежи мрежата кога промените на временските услови би резултирале со пад на производството на енергија од обновливи извори.
Која е цената на нето нула емисии до 2050 година?
Во 2019 година, Филип Хамонд, тогашниот канцелар на финансии, му напишал на премиерот дека трошоците за постигнување нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година во ОН ќе бидат повеќе од 1 милијарда фунти. Според овој извештај, веројатните трошоци биле преценети и ги одвратиле властите да инвестираат.
Британските експерти велат и дека премногу песимистички биле предвидувањата на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), според кои трошоците за одржување на глобалниот температурен пораст под 2 Целзиусови степени ќе одговараат на губењето на БДП до 2050 година. Транзицијата кон обновливи извори на енергија веројатно ќе се покаже како „нето економска придобивка“.
Истражувањето е објавено во списанието „Joule“ и е резултат на соработката помеѓу Институтот за ново економско размислување при школата Оксфорд Мартин, Програмата Оксфорд Мартин за пост-јаглеродна транзиција, школата за претпријатија и животна средина Смит која работи во Универзитетот во Оксфорд и СоДа Лабс на Универзитетот Монаш.
Извор: earth.org/