Поранешниот капитен на уругвајската репрезентација и Атлетико Мадрид, Диего Годин раскажа како во 2016 година го убедил Лионел Меси да не се повлече од националниот тим.
Во 2016 година Аргентина загуби од Чиле во финалето на Копа Америка, а Меси изјави дека ќе стави крај на репрезентативната кариера.
„Не бев таму на финалето, бевме елиминирани, па го гледав натпреварот кај моите родители. Разговаравме и му кажав на татко ми дека Меси ќе ја напушти репрезентацијата. Тој ме погледна и ми рече да му испратам порака за да не го направи тоа. С реков што ќе му значи мојата порака на Меси, а татко ми ми рече дека тоа ќе му значи се бидејќи јас сум капитен на Уругвај и негов лут ривал. Веднаш го прашав Луис Суарез за бројот на Меси и му испрати порака дека мора да продолжи да игра поради фудбалот“, изјави Годин за „TYC Sports“.
Годин не му беше ривал на Меси само во репрезентацијата, туку и во шпанската лига. Играше за Атлетико Мадрид, а Меси за Барселона и често мораше да го чува.
„Титулата со Атлетико додека Меси беше во Барселона, а Роналдо во Реал вреди десет титули“, изјави Годин, кој летово се пензионираше.