Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше авионската несреќа во која наводно загина Евгениј Пригожин, велејќи дека „не е изненаден“ од извештаите.
Бајден разговараше со новинарите кај езерото Тахо, каде што моментално се одмара со своето семејство, објавуваат светските медиуми.
„Не знам што точно се случи, но не сум изненаден“, рече тој.