Воен аналитичар за авионска несреќа: Ова може да е трик на Пригожин

1692819664_Capture-13.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се уште нема потврда дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во Русија, но ако е така, за многумина нема да биде изненадување, пишува Скај Њуз.


Воениот аналитичар Шон Бел верува дека ова би можело да биде трик за да му се овозможи на шефот на Вагнер мирен живот во егзил.

„Очекувавме дека ќе бидат потребни три месеци за да се спушти прашината пред Путин да го реши проблемот, но тој всушност го стори тоа два месеци подоцна. Ова можеби беше измислена приказна за Пригожин тивко да избега и да живее некаде во егзил, под перика и со одреден степен на приватност“, објасни тој.

Аналитичарот на Скај Њуз, Дијана Магнеј, нагласува дека сè за Евгениј Пригожин е крајно нејасно уште од неговото јавно појавување како шеф на групата Вагнер.

„Уште од неговиот марш во Москва во јуни, имаше прашања за тоа дали тој воопшто може да преживее – откако во суштина се крена против режимот. Мислам дека е многу погодно за Кремљ и за Русија да го прогласат за мртов. Претпоставувам дека многу луѓе се прашаа, очекуваа, дали тоа ќе се случи“, продолжи таа.

„Но, ако Пригожин загинал во несреќа, тогаш тоа секако им служи на целите на Кремљ. Тој не беше особено корисен затоа што во суштина го создаде најголемиот проблем за претседателството на Владимир Путин што го паметам за време на неговите 23 години на власт“, заклучи таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK