(Видео) Пригожин загина во авионска несреќа, пишува Би-би-си

avion-vagner.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деловниот авион „Ембраер“ се урна во Тверската област, сите во него загинаа, потврди за ТАСС прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.


„Авионот Ембраер летал од Шереметјево до Санкт Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Сите загинале“, рекол изворот.

Според него, инцидентот се случил во близина на селото Куженкино. Од друга страна, итните служби за ТАСС изјавија дека се пронајдени телата на четири лица. Тој исто така додаде дека авионот се запалил кога удрил во земјата. Федералната управа за авијација започна истрага за несреќата.

Би-Би-Си пишува дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во Русија.

Други непотврдени информации покажуваат дека приватен авион поврзан со основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се урнал во регионот Твер, пишува Гардијан. Се уште не е познато кој бил меѓу патниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK