Баерн на почетокот на сезоната остана без највлијателниот играч. Џамал Мусиала (20) на тренинг ја скинал задната ложа на левата нога и извесно време нема да биде во тимот.
Офанзивниот играч за врска, кој настапува и за германската репрезентација, во среда замина на дополнителни прегледи, по што точно ќе знае колку време ќе мора да се рехабилитира.
Според „Трансфермарк“, Мусиала е највредниот фудбалер на Баерн. Се проценува на 110 милиони евра. Освен него, на тренерот Томас Тухел не му се на располагање бековите Бенжамин Павард кој според клубот има грип и Рафаел Гереиро кој се опоравува од повредата на мускулот.