Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 28-годишниот Ј.В. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, извести МВР.
– На 15.08.2023 во Кочани, пријавениот физички нападнал 15-годишен малолетник од Кочани, при што со остар предмет му нанел повреда, додаваат од МВР.