Проф. Димитров: Не очекував дека ќе прочитам и јавен повик за вакви “интелектуални услуги“!!

prof dimitrov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

РЕК Битола – ЕСМ
Не очекував дека ќе прочитам и јавен повик за вакви “интелектуални услуги“!!
Не знам дали се работи за КАТАСТРОФАЛНО незнаење на вработените, особено инженерскиот кадар, нестручност на раководниот кадар кој се назначува врз основа на партиски заслуги, или јавниот повик е само еден од сличните, наменет некому да се “заблагодарат“ за услугите.

Па нели се задолживме за нови 100 милиони евра за потребите на енергетиката.
Во секторот на енергетиката брзо напредуваме единствено во зголемување на долговите и бројот на нововработени.


Ако навистина стручниот кадар во РЕК Битола 1 не е способен да ги извршува обврските кои се наведени во јавниот повик за консултантски услуги, треба сите заедно со раководството да рипнат во Драгор (не за да се удават, нема толку вода) за да го измијат овој срам.

Јас знам дека имаме способни инженери, дораснати на предизвиците, прекалени во секојдневното и прекувремено ангажирање, но дали тие се на соодветните работни места, или неспособните „понављачи“?
Убеден сум дека и обичниот човак, кога ќе ги прочита обврските за кои ќе се платат неколку милиони, ќе сфати дека се работи ЗА РЕДОВНИ СЕКОЈДНЕВНИ ОБВРСКИ!
Србите имаат сочна поговорка, ја наведувам во оригинал: УБИ МЕ ТУЃА СРАМОТА!!

Еве ги дел од работните задачи (копирани од јавниот повик) за кои ќе се ангажираат експерти, за да обезбедат погонска сигурност, одржување, развој:

Kонсултантот ќе ги извршува следните видови на активности:
• Детален преглед и анализа на тековната состојба на работењето и погонската состојба на главната и помошната опрема на Блок 1, со предлози за евентуални подобрувања на погонската спремност.
• Дефинирање на планови и активности за периодичен преглед и периодични испитувања на погонската и конструктивна состојба на котел и помошните погони.
• Ќе учествува во изработката на тековните задачи и задолжувања на погонскиот персонал за преглед и пратење на состојбата на главната и помошната опрема во електраните и анализа на изготвените извештаи од страна на персоналот.
• Анализа на постојниот систем за погонско одржување и предлози за негово можно подобрување.
• Консултански мислења за дефинирање на обемот и потребата за планирање на модернизација или реконструкција на котелот и помошните објекти.
• Предлози за актуализација и отпочнување на енергетските работни карактеристики на котелот во функција на обезбедување реални подлоги за процесот на планирање и управување на работата на електраните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK