На социјалните мрежи кружат фотографии од жена со човечки рани откако била касната на лицето. Според описот на објавата, жената била касната од сопругот, кој имал забрана за приближување до неа.
„Кој знае што ќе се случеше со оваа жена да не налетавме јас и брат ми. Таа извика „Здраво брат“, а тој сфатил дека нешто се случува. Напаѓачот рекол „Ќе ја убијам“, со сета сила и ја забил нејзината глава во ѕидот, а потоа ја гризнал за образот“, изјавил еден од очевидците.
— Kalabaster (@KalabasterJak) August 22, 2023
По инцидентот, жената рекла дека се разведени и дека имала забрана за приближување но дека полицијата не реагирала, пишуваат српските медиуми.
„Има ли закони во оваа земја? Што прават институциите? Ова е премногу тешко за гледање“, стои во објавата на еден твотерџија.