Пожар ја зафаќа Турција втор ден по ред: над 1.200 луѓе се евакуирани, силниот ветер го отежнува гаснењето

rt.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарникарите во северозападната турска провинција Чанаккале втор ден по ред се борат со шумски пожари кои се шират поради високите температури и силниот ветер.



Пожарникарите користеа копнени возила и хеликоптери за гаснење на пожарот во текот на ноќта, а министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека повеќе од 1.200 луѓе од девет села во областа се евакуирани, пренесува Ројтерс.

Властите исто така превентивно ги преместија пациентите од медицинските центри.

Поморскиот сообраќај во Дарданелите повторно беше прекинат за да им се овозможи на авионите и хеликоптерите да собираат вода за да го изгаснат пламенот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK