Во текот на вчерашниот ден во 12.30 часот во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Ѓ.К.(41) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува Ѓ.К., при што биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ЕВР Аеродром и Драчево против него ќе поднесе соодветна пријава.