Активни три пожари во Македонија, вчера имало вкупно 27

pozar-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира  Центарот за управување со кризи (ЦУК).


„Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева“, велат од ЦУК.

ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа и депонии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK