НБА лигата потврди дека го казнува кошаркарот на Филаделфија 76ерс, Џејмс Харден со 100.000 долари за неговите коментари дека нема да игра додека не биде трејдуван во друг тим и обвиненијата до претседателот на тимот, Дарил Мори дека е „лажго“.
Харден очекуваше да биде трејдуван во Лос Анџелес клиперс ова лето, и лут откако клубовите не успеја да се договорат го обвини Мори дека го лажел и дека не сака да игра во тим во кој е тој на чело. Подоцна, тој изјави дека односите со Сиксерси „не можат да се поправат“ бидејќи бил трпелив цело лето.
33-годишниот Харден во јуни ја искорист опцијата од 35.6 милиони долари да остане во Сиксерс со ветување дека ќе биде продаден.