Крмов: Владата е уплашена да потврди дека премиерот ја критикувал посетата на Курти, измеќари и слуги на великоалбанскиот екстремизам

336775420_3076892299281298_2065404324711994315_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во фејсбук статус, пратеникот на Левица Борислав Крмов коментирајќи ја неодамнешната посета на Курти вели дека Владата е уплашена да потврди дека премиерот ја критикувал неговата т.н посета.


„Курти газеше врз македонскиот суверенитет, дојде ненајавен во посета, без протокол, без ниедно македонско знаме, без интонирање на македонската химна, додека слободно се мафташе со знамето на Голема Албанија, ама Владата уплашена да потврди дека Премиерот ја критикувал неговата т.н посета!?“, пишува Крмов.

Не дај боже, додава тој, да ги искараат коалиционите партнери по дома.

„Во што се претвори македонската Влада на СДС? Измеќари и слуги на великоалбанскиот екстремизам“, коментира пратеникот на Левица на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK