Кошаркарската легенда Стив Кер стана акционер во фудбалскиот клуб Мајорка

F4JOLvcWsAAe4Sr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарска легенда и актуелен тренер на американската кошаркарска репрезентација, Стив Кер стана малцински акционер во РЦД Мајорка, како дел од инветициската групација предводена од претседателот на клубот, Енди Колберг.


Колберг го купи клубот во текот на летото од поранешниот сопственик на НБА клубот Финикс санс, Роберт Сарвер, а самиот Кер изјави дека веќе присуствувал на еден меч на Мајорка минатото лето. Помеѓу помалите акционери на клубот е уште едно звучно име од НБА, Стив Неш, како и поранешниот фудбалер на Челси, Греем Ле Со.

„Јас сум пријател со Енди и ова лето тој ми кажуваше за сопственичкото менување и ми понуди да бидам дел од инвестициската група. Бев во Мајорк минатото лето и гледав еден меч и станав навивач. Ова е возбудлива можност за мене. Лани станав член на клубот и сега ги следам сите мечеви. Мотивиран сум, не само како акционер, туку и како нов навивач“, вели Кер.

Мајорка пред две години се врати во Ла лига, а минатата сезона обезбеди топ 10 пласман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK