Уапсен гостиварец, нападнал роднина и му се заканил со оружје

Mjyjl-pistol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот гостиварец Ш.Р..


– Тој бил пријавен од неговиот 46-годишен роднина К.Р. дека претходниот ден пред семејната куќа во Гостивар физички го нападнал и му се заканил со огнено оружје. При лишувањето кај него бил пронајден и одземен пиштол „парабел“ со рамка со 7 куршуми калибар 9 милиметри, соопшти СВР Тетово.

Ш.Р. бил задржан во Полициската стани ца Гостивар и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK