301 санкционирани возачи во Скопје, 106 за брзо возење

radar-policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 301 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 17 санкции за користење на мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK