Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (21 август) околу 19 часот и 50 минути во Гостивар го лишиле од слобода С.С.(43) од Република Албанија. Тој се сомничи дека на 7 август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско Форино. С.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.