Моќен руски бомбардер со долг дострел „Ту-22“ е уништен во напад на украински беспилотно летало, јави Би-би-си, повикувајќи се на слики објавени на социјалните мрежи. Запален е „Тупољев Ту-22“ во воздухопловната база „Солци-2“, јужно од Санкт Петербург.
Москва соопшти дека дронот бил погоден, но успеал да го оштети авионот. Украина не го коментираше овој настан.
Happy Russian Aviation Day!
This day is among its worst in this war so far.
Many happy returns. pic.twitter.com/aSWWoCQhGL— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) August 20, 2023
Ту-22 може да патува со двапати поголема брзина од брзината на звукот и Русија интензивно го користи за напади врз градовите во Украина. Руското Министерство за одбрана преку соопштение за медиумите објави дека нападот со дрон се случил околу 10 часот по московско време.
Локацијата е наведена како „Воен аеродром во Новгородскиот регион“, токму на местото каде што се наоѓа Солци-2.