Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на езерото Мантово, во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш каде успешно беше изгаснат пожарот кој настана денеска околу 14 часот.
По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активира хеликоптер на МВР веднаш е постапено и хеликоптерот прецизно исфрли 7 тона вода и заедно со пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од општина Конче го изгасна пожарот.