Брера продолжува со максималниот ефект во Првата фудбалска лига. Струмичкиот тим ја оствари и третата победа откако денеска го победи актуелниот шампион Струга Трим Лум со 1:2.
Ване Крстевски во 27.минута ја доведе Брера во водство, а израмни Бесарт Ибраими со голот во 53.минута.
Сепак, Брера постигна и втор гол преку Марио Врдољак во 71.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Струга ТЛ по корнерот од десната страна.
Брера со максимални девет бода се искачи на врвот на табелата во Првата фудбалска лига, додека Струга ТЛ веројатно со мислите е кон дуелот против Брејдаблик в четврток на „Билјанини извори“ во Охрид, прв од плејоф-рундата за пласман во групната фаза од Конференциската лига.
Standings provided by Sofascore