ВМРО-ДПМНЕ: Џафери го прекрши Деловникот, не ги стави на гласање уставните измени затоа што знае дека ќе пропаднат

Кога веќе ме прашуваат, Ковачевски гласал за промена на имиња на улици и има записник за тоа
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Талат Џафери го прекрши Деловникот за работа на Собранието.



Џафери, велат од оваа партија, мораше да ги стави на гласање уставните измени, не ги стави само затоа што знаеше дека веднаш ќе пропаднат и едвај 70 пратеника ќе гласаат.

„Џафери знае дека ДУИ и СДС немаат мнозинство, и за да ја спаси власта ги крши законите. Џафери мора да ги почитува чл. 95 и 96, кои се децидни дека не смее да се одложи гласање за измена на Устав, и повикување на членови од Деловник, кои важат за измени на закон, а не на Устав“, се додава во реакцијата на опозициската партија.

Џафери, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е ставен во улога на сласител на владините фотелји, наместо да работи по закон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK