(Видео) Прими пет гола, па замина во пензија

133997746364e33eb269289905045002_w640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот голман Бен Форстер ја заврши фудбалската кариера на 40. годишна возраст.


Во текот на својата кариера, Фостер бранеше за Ворвик, Стоук, Манчестер јунајтед, Бирмингем, Вест Бромвич, Ватфорд и на позајмица за Бристол, Тивертон, Стафорд Ренџерс, Кидерминстер.

Одигра 536 натпревари и освои три трофеи (два Лига купа со Јунајтед и еден со Бирмингем), а рекордер е во Премиер лигата со 1.248 одбрани.

Поранешниот англиски репрезентативец (осум настапи за Англија) се пензионираше како член на четвртолигашот Рексам, клуб кој беше популарен во последните две години поради, бидејќи негови сопственици се познати холивудските актери.

Последниот меч Фостер го одигра во саботата во епскиот дуел со Свиндон во кој прими дури пет гола.

Натпреварот заврши нерешено 5:5, откако Рексам на полувреме заостануваше со 4:1.

Фостер имаше само една одбрана на овој меч.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK