Португалецот Жота (24) пред еден месец шокираше со одлуката да се пресели од Селтик во Саудиска Арабија. Во трансфер вреден 25 милиони евра тој стана играч на Ал-Итихад.
Жота се истакна со одличните игри во Шкотска и беше мета на неколку големи клубови во Европа, но поради големата плата се реши да замине во Саудиска Арабија.
Сепак, неговата кариера таму не го следеше очекуваниот тек. Тренерот, Нуно Еспирито Санто, засега го гледа Жота како „џокер“ од клупата во тимот во кој настапуваат Карим Бензема, Нголо Канте и Фабињо.
Во арапските медиуми веќе се прошири информација дека Жота е блиску до заминување бидејќи клубот сака да направи простор за поголема ѕвезда.
Главна цел е Мохамед Салах (31), ѕвездата на Ливерпул и еден од најдобрите играчи во светот во последните години. Жота и понатаму би бил играч на Ал-Итихад, но клубот би го испратил некаде на позајмица.