Уште еден напад на сина ајкула во Европа: тешко повреден рибар

ajkula-3-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рибар по потекло од Индонезија бил нападнат од сина ајкула на брегот на Вила да Коста, Португалија.



Тој со тешки повреди бил пренесен во болница.

Се уште не е јасно како дошло до инцидентот, но во оваа фаза од истрагата се верува дека ајкулата се заплеткала во мрежа која рибарот потоа ја навлекол на чамецот.

Рибарот по нападот со хеликоптер бил пренесен во локална болница, пишува „Independent“.

Тој е во тешка, но стабилна состојба.

Медиумите потсетуваат дека овој инцидент се случи набргу откако пливач во Валенсија исто така беше нападнат од сина ајкула.

Човекот кој бил нападнат од сината ајкула рекол дека не се плаши и дека кога видел дека крвари влегол во морето за да не ги исплаши другите луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK