Во саботата попладне, во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот М.И. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети, извести МВР.
– Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан во полициска станица. Украденото било вратено на сопственикот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.