Шолц: Никогаш не сум конзумирал канабис, ниту дим

248481_30062022olafsolcnato-1_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис.


Тој ова го изјави за германската телевизија „Прозибен“, одговарајќи на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Никогаш не сум го пушел, ниту еден дим“, рече Шолц.

Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со претпазливиот потег.

„о, ако некој ме праша дали треба или не, јас секогаш би рекол – не“, изјави тој.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и истиот да се направи побезбеден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK